ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ наредните недели ќе одлучи дали ќе ги задржи истите министри и партиски раководители

Новите тела на СДСМ кои треба да се формираат на Конгресот што ќе се одржи во наредните недели, ќе ја разгледаат работата на функционерите на извршната власт и ќе одлучат дали ќе останат или не на нивните досегашни функции во идната Влада. Конгресот се очекува да се одржи до крајот на месецов. На него ќе се утврди и мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој вчера доби над 37 илјади гласови од над 44 илјади членови на СДСМ кои гласаа.

Запрашан дали ќе биде дел од идниот владин кабинет, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека за тоа ќе решава мандатарот.

Ковачевски пред медиумите по победата изјави дека ќе има кадровски промени во СДСМ, покрај некои од имињата кои во моментов ги водат социјалдемократите. Тој рече дека тоа ќе го отвори патот за нов дух во партијата.

Актуелниот премиер Зоран Заев по завршувањето на досегашните процедури во СДСМ за кадровската реорганизација, ќе поднесе оставка и од премиерската функција. По констатирањето на неговата оставка, се констатира и оставка на целата Влада. Димитар Ковачевски во рок од 10 дена откако би потврдил дека има парламентарно мнозинство во Собранието ќе го добие мандатот за состав на нова Влада. Тој во Собранието ќе треба да го претстави новиот владин кабинет и владината програма. Целата процедура не се очекува да заврши пред втората половина на јануари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button