ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Популизмот на ВМРО, штети на Гоце Делчев

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече предлог-Декларацијата за Гоце Делчев. Според владејачката партија, Делчев не заслужува да биде сведен на  потценувачка изјава.

ВМРО-ДПМНЕ бара единство на ликот на Гоце Делчев.

На 150-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Николов Делчев, ВМРО ДПМНЕ  до Собранието достави предлог Декларација за неговата личност и дело. Со ова тие бараат, како што е напишано во Декларацијата, да го афирмираат наследството, улогата и значењето на оваа клучна личност во македонската историја во остварувањето на целите на националната епопеја за слобода и независност. Медиумите се поканети да емитуваат програма за афирмација на овој јубилеј, додека државната компанија за поштенски услуги да изработи посебна поштенска марка. Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметностите и Музејот на македонската војна се поканети да организираат настани и проекти за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Делчев, а Министерството за образование да организира посебни часови во училиштата .

Фигурата на Делчев е точката во која Заедничката историска комисија со Бугарија наиде на најостро спротивставување, кое со месеци не успеа да го надмине.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button