ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се надзираат имињата на кандидатите за градоначалници

Партиите го стеснуваат списокот за кандидати за градоначалници и за општинските совети за претстојните локални избори кои треба да се одржат на 17 октомври. Од партијата на Али Ахмети, досега протекоа стари имиња кои повтроно ќе трчаат на локалните избори. Кандидат на ДУИ за Чаир ќе биде актуелниот градоначалник Висар Ганиу, за Дебар Хекуран Дука, за Липково Еркан Арифи, за Струга Рамиз Мерко, за Сарај Блерм Беџети, во Гостивар ќе се кандидира Невзат Бејта, а во Тетово повторно Теута Арифи. На листата на кандидати на ДУИ е и актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Но, нему, внукот на Ахмети, Фатмир Лимани ќе му биде противкандидат како независен. Лимани е поранешен висок функционер во ДУИ и во власта, а на него поддршка му дале и други поранешни високи функционери на партијата, меѓу кои екс вицепремиерот Муса Џафери, но и вујкото на Ахмети, Фазли Велиу.

Стари имиња има и од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. За Гостивар повторно кандидат за градоначалник ќе биде актуелниот, Арбен Таравари. За Боговиње е кандидат Албон Џемаили, за Врапчиште Исен Шабани, за Дебар Беким Поцеста, Тераце Назим Таипи, Желино Махир Зибери. Додека за градоначалник на Чаир, кандидат е  Беким Сали.

Опозицијата од редовите на Албанците сè уште нема објавено кадндидати за градоначалници за Тетово, Струга, Кичево и Сарај, а ова според најавите ќе го направи идната недела. Во Гостивар БЕСА го кандидира Фадил Зендели, а неофицијално во Тетово повторно ќе се кандидира партискиот претседател Билал Касами. Заев најави коалиција со сите владини партнери, но сè уште не е прецизирано како ќе се настапи на изборите. Поддршка меѓу партиите е најавена за првиот или за вториот круг од локалните избори. СДСМ на изборите ќе настапи со старо – нови имиња. На локалните избори партијата за градоначланик на Скопје повторно го кандидира актуелниот градски татко, Петре Шилегов. Владејачката партија досега утврди неколку кандидати, а сите ќе ги потврди по 20 август.

„Следната недела 23 до 25 треба да завршиме, затоа што треба да оставиме неколку дена за собирање на неопходните документи, а тоа се секако изјавата заверена кај нотар, потврда за неосудуваност и сите овие документи. Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата којашто е на централно ниво троши доста време, разговори за да може да ги утврди прво најдобрите кандидати, второ, рамномерната застапеност на советничките листи, исто така, за да можеме конечно и доволно време за поднесување на самите кандидатски листи согласно роковникот објавен на Државната изборна комисија“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, најавија нови имиња на локалните избори. Дури 90 насто од кандидатите кои ќе се тркаат за градоначалници досега не ја вршеле таа функција. Од партијата најавуваат дека станува збор за кандидати со кредибилитет и авторитет во местата каде што живеат. Иако досега се утрдени кандидатите на ВМРО ДПМНЕ за неколку градови, сепак и натаму не откриваат кого ќе кандидираат за Град Скопје. Како можни имиња за кандидати неофицијално се споменуваат поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, но и актулната претседателка на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, која важи блиска со ВМРО ДПМНЕ од времето кога оваа партија беше на власт.

„Во однос на партиските тела јас само би порачал и на граѓаните и на медиумите да се стпат уште кратко, партиските тела да си ја одработат својата работа во однос на она филтрирање на кандидатите и изгласување, а за објавување на кандидатите тоа ќе биде многу наскоро, како што најавивме уште претходно. Во однос на лицата, да ќе бидат објавени голем број од кандидатите“. изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Иницијативата „Шанса за Центар“ најави дека од утре ќе собираат потписи за учество на изборите со независна граѓанска листа за општина Центар. Се кандидираат активисти, експерти од областа на архитектурата, животната средина, спортот, но и од културата.

„Шанса за Центар” се состои од професионалци, етаблирани во своите струки кои решија да излезат од својата конфортна зона и да се дадат на градот, граѓаните и на својата заедница, со сето свое знаење, можности, време, ентузијазам… да ги подобриме условите за живот во Општина Центар.“, рече Дивна Пенчиќ, „Шанса за Центар“.

На закажаните локални избори на 17 октомври, за првпат ќе се гласа со отисок од прст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button