ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се спрема нова концесија за риболов на Охридското езеро

Рекреативните риболовци бараат Охридското езеро да не се издава под концесија за стопански риболов во наредните најмалку 10 години за да се спаси она што остана од рибниот фонд во него. Но, државата не мисли така. Се подготвува езерото повторно да го издаде под концесија, откако договорот на претходниот концесионер му беше прекинат поради неправилности во работењето.

„Постапката за доделување на езерото на концесија за вршење стопански и организирање рекреативен риболов на риболовното подрачје и рекреативната зона Охридско езеро е во тек. Јавниот повик ќе биде распишан по формирање на комисија на седница на Владата“, наведуваат од Министерството за земјоделство.

„Како рекреативни риболовци не сме за доделување на концесија за стопански риболов, затоа што популацијата на пастрмката и белвицата е драстична намалена, дури постои опасност и од нејзино целосно исчезнување…“, рече Радован Димитриевски- здружение на рекреативни риболовци.

Езерото нема концесионер, но затоа цвета рибокрадството.

„Од она што го гледаме на самиот терен, нон-стоп се фрлаат километри мрежи во Охридско езеро и никој не го штити“, вели Димитриевски.

Спортските риболовни здруженија бараат пред било какво ново издавање на концесија, државата прво да го смени Законот за рибарство и да се изврши скенирање на популацијата со пастрмка и белвица. Димитриевски вели дека некои од претходните концесионери пријавувале смешни количини на уловена риба, односно околу 500 килограми и тоа за период од неколку години. Но, само низ угостителските објекти во Охрид и Струга, вели тој, дневно се трошат од 500 килограми до еден тон риба.

На Охридското езеро нема концесионер уште од јануари 2020 година. На фирмата која ја вршеше оваа дејност, „Летница-Белвица“ државата ѝ ја прекина концесијата. Евидентираше дека не вршеле заштита на рибите, не воделе точна евиденција на уловената риба и имале нерегуларности во пријавувањето на вработените.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button