ВЕСТИСВЕТ

Се трага по најмалку 20 лица кои паднале во водата по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките служби трагаат по најмалку 20 лица за кои се верува дека паднале во водата по уривањето на мостот во Балтимор, вели за Си-ен-ен Кевин Картрајт, шефот за комуникации на противпожарната служба во Балтимор.

Се верува дека по уривањето на мостот во реката Патапско паднале и повеќе возила.

„За жал, информациите кои ги имаме е дека можеби 20 лица се во реката Патапско, како и повеќе возила“, вели тој за Си-ен-ен.

Претходно беше соопштено дека спасувачките тимови трагаат по најмалку седум лица.

Во потрагата се вклучени тимови на американската крајбрежна стража и тим нуркачи. Отежната околност во потрагата по оние за кои се верува дека паднале во реката се ниските температури на водата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button