ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Семејството Исмаил покажа како љубовта лекува и променува

Додека пред осум години ова мало девојче со пречки во развојот живееше ужасен живот во еден од домовите за грижа, семејството Исмаил донесе одлука да прифати друг член во семејството, дете на кое му требаше љубов. Загубата на четири деца и минувањето низ тешка операција што ја спречи госпоѓа Мејмире да продолжи да работи, беа некои од причините што доведоа до одлуката за згрижување на дете. На 23 февруари 2013 година, социјалните работници пристигнаа во нивниот двор држејќи двегодишно девојче, со модринки по телото, исплашено и со лошо здравје. Малото девојче ги помина првите две години од својот живот лежејќи во кревет, а остатокот од кошмарот низ кој помина остана мистерија.

Сопругот на г-ѓа Мејмире, Алајдин Исмаил, вели дека луѓето често имаат предрасуди кон донесената одлука.

Трауматизираното дете за кое зборувавме веќе го нема. Во дворот на куќата најдовме насмеана девојка која што сакаше да ги прегрне луѓето откако ќе им ја помириса косата. Г-ѓа Мејмире ни рече дека и давале десетици прегратки на ден за девојчето да се чувствува сакано и топло во тоа семејство. Таа посакува секое семејство да преземе иницијатива да се грижи за напуштени деца, бидејќи секој заслужува да има семејство.

Министерството за труд и социјална политика информира дека во земјата има 214 згрижувачки семејства, каде се сместени вкупно 387 деца. Разликата во возраста помеѓу негувателот и згрижената личност мора да биде најмалку 18, а најмногу 50 години. Во Домот за деца без родители во Битола има 25 деца, од кои 18 деца имаат доцнења на психомоторниот развој.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button