ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на селото Прешевце во општина Теарце немаат вода за пиење

Оваа нечиста вода што влегува во оваа цевка, служи за водоснабдување на околу 700 куќи во селото Прешевце, општина Теарце. Пристигнувањето на летото за ова село е вистински кошмар. Изворската вода не задоволува ниту 30 отсто од потребите на селото за вода за пиење, па жителите се принудени да наоѓаат решенија со водата од реката. Првиот човек на месната заедница вели дека овој проблем мора да се реши институционално. Барања се испратени, но нема конкретно решение.

„Водата што ја имаме во изворот не ги задоволува потребите на селото и принудени сме да ја користиме речната вода неколку месеци, а да не кажам повеќе од половина година ја користиме реката. Но, со изградбата на хидроцентрали, за жал, речната вода е делумно намалена, но и загадена, особено кога се прават работи во хидроцентрали и кога се чистат, нашата вода е загадена. Пред една година побаравме општина Теарце да понуди подолгорочно решение за водата што ја користиме“, рече Халит Јонузи претседател на месна заедница.

„Водата за пиење е живот. Мора да се бориме да имаме безбедна вода за пиење. Тука, сите државни институции мора да се борат заедно, тие треба да го решат затоа што овој проблем е многу стар“, вели еден жител.

Јавното претпријатие на општина Теарце „Шари“, ги обвинува жителите.

„Ние секогаш сме подготвени и сакаме што побрзо да бидат поврзани со системот, бидејќи е поинаку да се контролира водата. Но, очекуваме подготвеност од жителите. Чекаме да дојдат и да покажат за што треба да се разговара“, рече Мефаил Мифтари. Директор на ЈКП „Шари“ – Теарце.

Решение во текот на летната сезона за жителите на селото Прешевце, но и на некои други села кои имаат проблем со вода за пиење е оваа чешма што ја гледате зад мене, која е оддалечена неколку села од селото, но која ги снабдува со вода за пиење.
Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button