ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Историчарите да не политизираат, а политичарите да не вршат притисок врз Комисијата за историја, вели Димитров

Историчарите не треба да изразуваат политички ставови, ниту пак политичарите треба да вршат притисок врз Комисијата за историски прашања, која работи на изнаоѓање решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Ова го изјави вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров во интервју за Радио Слободна Европа. Димитров вели дека мора да се најде начин да се создаде позитивна атмосфера во Комисијата за историски прашања. Според него, оваа атмосфера може да се постигне доколку Бугарија стане поддржувач на Македонија, како што беше во времето кога претседаваше со ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button