ВЕСТИСВЕТ

Шолц: Мирот во Украина е можен во секое време доколку Путин ја повлече војската

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.

Солц за „Markise Algemaine Zeitung“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.

„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи германскиот канцелар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button