ВЕСТИРЕГИОН

Шолц од Приштина: Во ЕУ нема место за земји што не се признаваат меѓусебно

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Приштина изјави дека во Европската унија нема место за земјите што не се признаваат меѓусебно и дека патот на Косово кон ЕУ е поврзан со дијалогот со Србија.

Тој на прес-конференција по средбата со премиерот Албин Курти рече дека е важно Косово да го придвижи дијалогот со посредство на ЕУ.

„Косово и Србија треба да доведат до политички решенија преку сеопфатен договор. Дијалогот е пат кој отвора европска перспектива за Косово. Политичкиот договор меѓу двете земји е важен услов за перспективата на младите во Косово. Договорот на крај би требало да го реши косовското прашање бидејќи е незамисливо две земји што не се признаваат меѓусебно да станат дел од ЕУ. Двете страни мора да се приближат една до друга“, рече Шолц.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button