ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Што бараат сметководителите? Андреева одговара:

Што бараат сметководителите? Андреева одговара:

Претседателката на Комората на сметководители Александра Андреева во емисијата „Економски магазин“, меѓу другото, зборува и за правата што бараат да се имплементираат во новиот Закон за сметководство. Според неа, треба да се регулира прашањето за нелојална конкуренција и да се дозволи да работат во странство.

„Професијата треба да стане поатрактивна, да привлече нови кадри, бидејќи професијата е на работ на смрт со оглед на старосната структура на сметководителите. Мора да се регулира нелојалната конкуренција, мора да бидеме и меѓународно признати, да работиме во странство, како што кај нас можат да работат странски сметководители. Тоа значи сè што има врска со оценувањето на сметководителите и професијата што ја вршат. Затоа што ние сме единствената врска меѓу државата и стопанството, а државата мора да ја сфати важноста и да нè третира како такви“, изјави Александра Андреева, од Комората на сметководители. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button