Кај двајца ученици од Основното училиште „Њeгош“ во црногорскиот град Спуж откриена е кожната заразна болест, шуга. Директорката на училиштето, Смиjка Павичевиќ, донела одлука наставата до петок да се спроведува преку интернет додека да се спроведе дезинфекција на просториите, пренесува порталот РТЦГ.