СПОРТФУДБАЛ

Синер: Не сум го достигнал својот врв, можам многу да напредувам

Италијанскиот тенисер Јаник Синер досега во 2024 година има само еден пораз, а тоа го доведе до скок на второто место на АТП рангирањето. Во пресрет на дуелот од третото коло на АТП турнирот во Монте Карло, италијанецот зборуваше за своите високи амбиции во иднина.

„Свесен сум за важноста на фактот дека сега на сите големи турнири ќе бидам носител. Да бидеш број два на светот е голема сатисфакција. Сепак, тоа не е мојата цел. Јас сакам да ги освојувам најголемите турнири.

Сега е најважно во следните седмици да ја кренам играта бидејќи следат важни турнири, особено Ролан Гарос и Олимписките игри. Имам само 22 години и можам многу да растам. Не сум го достигнал својот врв, свесен сум дека можам многу да напредувам“, изјави Синер.

Досега Синер не блескаше на земјена подлога, последниот трофеј го освои во Умаг во 2022 година, меѓутоа сезонава покажа дека не се шегува каде и да игра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button