РАКОМЕТСПОРТ

Сите влезници за мечот Еурофарм Пелистер-ПСЖ, се распродадени

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, се подготвува за уште една исклучително тешка задача во Лигата на шампионите. Битолчани овој пат ќе го пречекаат гигантот ПСЖ, а атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ повторно ќе биде исполнета до последното место.

Од управата на „зелено-белите“ објавија дека сите влезници за мечот се распродадени и се очекува неколкуилјадн френетична поддршка за избраниците на Бранислав Ангеловски.

Пелистерци влегуваат во тешкиот дуел мотивирани после триумфот над вечниот ривал, Вардар, а навивачите сигурно ќе очекуваат пожртвувана игра и максимално сериозен пристап, со надеж за евентуално изненадување и впишување на првиот бод во елитното натпреварување на ЕХФ. Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ е закажан за 13 февруари, со почеток во 18:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button