ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Следниот самит на Отворен Балкан во јуни, во Охрид

Инцијативата „Отворен Балкан“ носи само економски бенифит на земјите од Западен Балкан. Покрај трите потписнички на овој договор, би било добро и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина да се прикучат кон оваа иницијатива, вели премиерот Димитар Ковачевски на самитот Македонија 20-25. На самиот кој ќе се одржи следниот месец сите лидери ќе бидат поканети, а Ковачевски се надева дека Црна Гора набрзо ќе стане дел од оваа иницијатива.

„Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна,зошто креира поголем пазар на капитал, керира можности за размена, и нормално дека сето тоа ќе предизвика зголемување на БДП на регионот. Таа е отворена за сите државави На следниот Самит во Охрид во јуни месец ќе го видиме и премиерот на Црна Гора, но добро е сите вкупно шест земји од Западен балкан да бидат дел од оваа практична иницијатива“, рече Ковачевски.

Од следниот месец ќе започене поцесот на воведувања ИД броеви за граѓаните да можат без никакви пречки да работат во земјите кои се потписнички на оваа иницијатива.

„Граѓаните лесно ќе можат да се пријавуваат за да добијат електронска идентификација или единствен број како граѓани на Oтворен Балкан кои ќе им овозможува не само слободно да патуваат туку и да работат во државите членки на иницијативата без некоја неопходна работна дозвола со што ќе делуваме како еден заеднички пазар на труд“, рече Ана Брнабиќ, премиерка на Република Србија.

Иницијативата Отворен балкан како идеја започна во 2019 година. Србија, Албанија и Македонија потпишаа три договори за слободно движење на стоки, капитал и луѓе. Засега ставот на Косово е дециден дека нема да биде дел од оваа иницијатива додека Босна не постигна консезус за приклучување.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button