ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со Алијанса мнозинството ќе порасне, но нејасна е судбината на Алтернатива

Со Алијанса мнозинството ќе порасне, но нејасна е судбината на Алтернатива

Иако статусот на Алтернатива го блокираше финализирањето на договорот Aлијанса за Албанците – СДСМ – ДУИ, со влегувањето на партијата на Арбен Таравари во власта парламентарното мнозинство ќе има 72 пратеници од сегашните 64, вклучувајќи ги и двајцата независни. Но, договорот меѓу Таравари и премиерот Ковачевски ги поларизираше ставовите во ДУИ и во партијата на Африм Гаши. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, во емисијата „Патот кон“ во Алсат изјави дека нема да гласа за новото парламентарно мнозинство. За овој став Меџити, наводно, има поддршка и од уште двајца пратеници, од кои едниот е Кастриот Реџепи кој од неодамна ѝ се приклучи на Огнената група во ДУИ.

„Нема да гласам за ова парламентарно мнозинство кое е наводно за Обединети за Европа, но всушност тоа е алијанса за спас на Артан Груби. Ќе бидам против и ќе ги кажам моите ставови во Собранието. Ќе ја чекам и програмата и кандидатите кои се за министри“, рече Изет Меџити, пратеник на ДУИ.

Во рамките на Алтернатива неофицијално се дознава дека има две струи. Пратениците Хисни Исмаили и Сафије Садику се против напуштање на Владата, додека Гаши како лидер на партијата ја брани идејата за заминување. Не се знае дали овие две групи ќе се одразат при гласањето на Владата, уште повеќе ако Алтернатива остане без власт или остане со едно министерство и неколку дирекции. Во оваа ситуација мнозинството би имало 44 пратеници на СДСМ, 15 на ДУИ, но со двајца пратеници со селективна поддршка, 8 пратеници на АА, еден пратеник на ДПА и двајца независни, односно Скендер Реџепи и Кастриот Реџепи. Според оваа поддршка, мнозинството вкупно би броело 69 пратеници, додека во опозиција ќе има 3 пратеници од Алтернатива, доколку таа одлучи да оди во опозиција, како и двајца пратеници од Движењето Беса./Алсат.мк

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button