ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусот на ЈСП кој изгоре бил на сервис три дена претходно

Автобусот на ЈСП кој изгоре бил на сервис три дена претходно

Сè уште не се познати причините кои доведоа до опожарување на автобусот на линијата 55 на ЈСП кај село Грушинце. Од ова претпријатие велат дека автобусот пред само три дена бил на редовен технички преглед.

„Возилото кое изгоре пред три дена беше редовно прегледано и сервисирано. Сите возила на ЈСП Скопје вклучени во јавниот превоз подлежат на целосна проверка и сервисирање на секои 12.000 километри или во просек на секои два до три месеци. Дополнително, се врши суштинска проверка и сервисирање. Одговорно потврдуваме дека сите возила на ЈСП Скопје кои се во сообраќајот се уредни и безбедни“, велат од Јавно сообраќајно претпријатие.

Од МВР велат дека во моментот на пожарот автобусот се движел и нема повредени.

„Автобусот бил во движење, а го управувал 49-годишниот скопјанец Н.А. Повредени нема, а пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната единица. На местото на инцидентот излегле полициски службеници од полициската единица Арачиново, а проверка извршила екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.

Во полицискиот билтен речиси секојдневно се пријавуваат десетици сообраќајни прекршоци од превозници на ученици. Со цел да се зголеми безбедноста на учениците, полицијата секојдневно испраќа десетици автобуси на вонредни технички прегледи./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button