ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница со 63 гласови „за“, без гласови „против“ и со 25 гласови „воздржан“ го донесе Буџетот за 2024 година кој е во вкупен износ од 5,5 милијарди евра. Едногласно со 87 гласа „за“ Собранието го донесе и Законот за извршување на буџетот.

Вкупните приходи во 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари и се за 10 отсто повисоки во однос на 2023 година, додека расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или за околу 5,8 проценти повисоки во однос на 2023 година. Вкупните расходи се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари, за 5,8 отсто повисоки во однос на 2023 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 45,2 милијарди денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button