ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сојузот на средношколци бара поддршка од Собранието, денеска го завршува бојкотот, а за следните чекори ќе одлучува утре

Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање.

Доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование што, како што наведува во упатеното писмо, е последниот демократски чекор, а во тој дополнет Закон  „јасно ќе биде наведено дека одредбите се привремени, т.е. се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“.

Во упатеното писмо до пратениците за поддршка на нивното барање да полагаат два предмета – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и втор предмет од областа која матурантит планира да ја студира, Сојузот истакнува дека е целосно разумно и изводливо и смета дека нашето општество не смее да ги игнорира последиците на неквалитетната настава на далечина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button