СПОРТФУДБАЛ

Солскјер е еден од најсериозните кандидати за познатиот белгиски клуб

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер е еден од најсериозните кандидати за нов тренер на Клуб Бриж. Белгискиот клуб се раздели со Скот Паркер и е во потрага по ново решение за клупата. Како можен наследник се споменува токму Солскјер. Норвежанецот пак е без работа откако замина од кормилото на Манчестер Јунајтед.

Клуб Бриж реши да го отпушти Паркер по само 12 натпревари на клупата на тимот.

Покрај Солскјер, како опција за тренерската позиција на Бриж се споменува и поранешниот помошник на Јулијан Нагелсман во Баерн, Дино Топмелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button