ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СОНК: Нацрт законот за плати е дискриминирачки

Нацрт законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт верзијата и средба со предлагачот –  Министерството за информатичко општество и администрација.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков  денеска на прес-конференција ги изнесе заклучоците на СОНК дека нацрт законот дека е спротивен на Уставот и ги загрозува работничките права.

-Утврдувањето на исплатата на дополнителната компонента на плата и надоместоци на плата ќе биде обезбедена и ќе се исплаќа доколку буџетот обезбеди средства, дали тоа значи дека ако ние работиме затоа што е предвидено со закон, во еден момент некој оцени дека во буџетот нема средства, претпоставувам тоа е министерот за финансии и министерот на ресорот, тогаш тоа ние што сме го работеле нема да се исплати?!.Дефинитивно, спротивно на уставните одредби. Платите и надоместоците на плати може да бидат ограничени и намалени под услови утврдени со овој закон, исто така, ако се направи проценка дека буџетот нема средства или дека приоритетите на државите се некои други дејности тогаш платите можат да бидат намалени, тоа значи дека тука работниците ќе немаат никакво влијание, синикатите ќе немаат никакво влијание, оцени претседателот на СОНК.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button