ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Охриѓани ја продолжија традицијата, одбележан Денот на рибарите

Со сѐ помалку риба во Езерото, пред сѐ пастрмка и белвица и без рибна чорба се одбележа Денот на рибарите. Во месноста Сараиште, се служеше топла ракија и вино, зачинето со староградски песни, а имаше и зимско капење во студените езерски води,одржувајки ја на тој начин старата традиција. Токму на денот на рибарите во минатото завршувала забраната за ловење на риба, и започнувала риболовната сезона.

Но, сега наместо риба од езерото, охриѓани јадат морска риба. Пастрмка и белвица речиси и да нема велат рибарите.

„Одиме но на дива риба. Нешто ситно има, плашици и грунци..Поголема риба нема. Пастрмка и белвица?Нема.Пред 30-40 години тогаш беше најдобро. Паметам дека рибарите одеа на пристаниште овде, кајчето полно беше со плашици, по два -три тони риби ставаа, а сега ги нема“, рече Ѓоко Трајчески, рибар.

-Се сеќавате, како беше тогаш како е сега?

„Тогаш имаше спортско риболовно друштво си вадевме дозволи и во недела одевме на риба, беше дозволено да фатиш три парчиња, ако е помало парчето од 300-400 грама да го пуштиш, а поголемите ги задржувавме. Сега риба ловат во Албанија. Оваа риба што ја јадеме овде ја носат од Албанија, кој на црно“, вели Наум Секулоски- рибар.

Хроничарите на Охрид раскажуваат дека рибарите го избрале овој ден за свој, ден по Водици, за да можат да го фрлат крстот во утринските часови, зашто во времето на комунизмот тоа било забрането.

„Народот бил досетлив, особено варошани, кога на Денот на рибарите, во утринските часови, кога традиционално ја започнувале таа риболовна сезона, скришно го положувале крстот и го изигрувале системот тогашен и го прославувале овој голем празник“, рече Никола Бабе-хроничар на Охрид.

На манифестацијата присуствуваа голем број граѓани.

До пред ковид пандемијата на овој ден, во голем каза се вареше и рибна чорба, а се скокаше и по буре со црвено вино.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button