ВЕСТИЗДРАВСТВО

Состојбата со големата кашлица ниту добра, ниту стабилна

Во зависност од ситуацијата во наредните недели може да се преземат поостри епидемиолошки мерки за справување со големата кашлица, најавуваат од Комисијата за заразни болести. Нејзинот претседател, Александар Петличковски, соопшти дека на вонредната средба на ова тело било утврдено дека децата кои се комплетно примарно вакцинирани можат да одат во градинка, но под услов во рок од шест месеци да одат на ревакцинација.

Покрај вакцинацијата со Ди-Те-Пер, епидемиолозите препорачуваат и вакцинација со МРП, бидејќи сипаниците се застапени во регионот и постои ризик од појава на две епидемии истовремено. Децата можат да се вакцинираат паралелно со двете вакцини.

Во земјава само половина од децата од предучилишна возраст се целосно вакцинирани со Ди-Те-Пер. Тие веќе неколку дена по ред не се примаат во градинките. Најмногу случаи на голема кашлица има токму во Скопје каде досега се потврдени над 180 заболени.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button