ВЕСТИЗДРАВСТВО

Хронично бубрежно заболување имаат 10% од населението

Страда од бубрежна болест. На дијализа е 13 години, додека околу 8 години е на листата на чекање за донатор за трансплантација. Данче Стојковска е една од 1.540 пациенти кои се во завршна фаза на бубрежно заболување и оди на дијализа. Стојковска вели дека дијализата не го менува само животот на пациентот, туку и на целото семејство.

Според податоците на здружението на граѓани со бубрежна болест „Нефрон“, во Македонија се проценува дека хронично бубрежно заболување имаат 10 проценти од населението, додека на дијализа се 1.540 од нив. Најстариот болен има 92 години, а најмладиот само 4.

Во меѓувреме, како резултат на трансплантација на повеќе органи, од починат донор беа трансплантирани органи кај 4 пациенти. На еден му било трансплантирано срце, на друг црниот дроб, а на двајца други бубрези. 140 пациенти во земјава чекаат трансплантација на бубрег, околу 15 трансплантација на срце, а 14 за црн дроб.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button