ВЕСТИ

Совети од психолог: Како да разговарате со детето за корона вирусот

Фактот дека корона вирусот тешко ги погодува децата или влијае на нив во многу мал процент, не значи дека тие не ги забележуваат сите хаоси што се појавија и како секојдневието одеднаш се сврте наопаку. Додека размислуваат како да ги заштитат своите најблиски и себеси од опасност, родителите понекогаш забораваат дека тие мали очи ги гледаат и ушите ги слушаат.

Како да разговарате со детето за корона вирусот?

  • Кратко и јасно во рамките на возраста на детето, дајте му ги основните информации
  • На сите прашања одговарајте искрено и точно. Немојте да бидете премногу опширни, не користете изрази кои не му се познати на детето. Најдобар пристап е да одговорите конкретно на детското прашање. На пример, ако детето праша: „Зошто ја бришеш кваката“, вие треба да му кажете „Затоа што на тој начин се уништува вирусот.“
  • Без драма и изјави: Ова е ужано, катастрофа, сите ќе се разболиме…
  • Не ја намалувајте сериозноста на ситуацијата. (Не е тоа ништо, не слушај глупости, не е битно)
  • Не ја менувајте темата. Ако ве праша детето нешто во врска со актуелната ситуација, немојте да одговарате со „Нема сега да зборуваме за тоа, ајде да си играме“
  • Кажете му на детето дека некогаш е тоа нормално да се случуваат работи од кои сите се плашиме.
  • Ако детето покаже страв, прифатете го тоа и кажете му дека е нормално во некои ситуации да се чувствува исплашено и вознемирено.
  • Доколку детето е загрижено за својата безбедност, покажете му дека тука сте вие да се грижите за него.
  • Покажете му ги на детето позитивните аспекти на ситуацијата. „Многу научници во светот работат во моментов да пронајдат лек и вакцина. Најголем дел од оние кои се разболуваат брзо оздравуваат.“
  • Потенцирајте у на детето и покажете му што вие правите и што треба да прави: да се храни здраво, да се одмара, редовно да ги мие рацете, да избегнува допир со предмети надвор од домот, да не се допира на лицето.
  • Вие бидете извор на информации за него. Избегнувајте изложеност на драматични снимки и онформации, посебно нивно повторување.
  • Ако во главно сте дома, искористете го ова време за активност со децата и вклучете ги во секојдневните активности: гответе, правете колачи заедно, играјте друштвени игри, слушајте музика, читајте книги…
  • Грижете се за себе!

Извор: hybrid.mk

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button