МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители избра нов претседател

Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, денеска избра нов претседател откако на досегашниот, Ацо Колевски му заврши двегодишниот мандат.

За нов претседател е избран Антонио Јолевски. Како што објави Коалицијата Сите за правично судење која врши мониторинг на седниците, тој бил избран едногласно од останатите членови на Советот.

Јолевски потекнува од Битола. Како обвинител почнал да работи во 2003 кога е избран за заменик-јавен обвинил во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола. Од 2012 до 2018, пак, е шеф на ОЈО Битола, а од 2018 работи како обвинител во истото обвинителство. За член на Советот на јавни обвинители беше избран минатата година.

Мандатот на претседателот на обвинителскиот совет трае две години, без право на реизбор, а тој треба да биде од членовите на Советот кои се избрани од редот на јавните обвинители.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button