ВЕСТИЗАБАВА

Според хороскопот – Трите дами за цел живот!

Доколку вашата поубава половина е еден од овие три знаци во хороскопот, ќе имате среќа.

Лав

Таа ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници. Ќе ја обожувате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник.

Стрелец 

Во сечија животна приказна постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица со леден поглед, тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Доколку сте имале среќа жена во знакот Стрелец да ве одбере и да ве засака, сте на половина пат до рајот. Таа ќе ви донесе толку возбудување и позитивна енергија, што ќе ви требаат три животи за да го потрошите сето тоа.

Рак

Ракот е единствено и неповторливо добро битие, лојална и приврзана, дама за пример. Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button