ВЕСТИСВЕТ

„Спутник Ве“ пред вратите на ЕУ! Агенцијата за лекови започна со проценка на руската вакцина

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека започнала со разгледување на документацијата за руската вакцина „Спутник Ве“, со цел да ја одобри лиценцата за употреба во Европската унија, пренесува Ројтерс.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на вакцината со стандардите на ЕУ кога станува збор за ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Унгарија и Словачка веќе ја одобрија употребата на „Спутник Ве“, без да чекаат таа да биде одобрена од ЕМА.

Иако Европската агенција за лекови не може да предвиди рокови, треба да биде потребно помалку време од вообичаеното за нејзина проценка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button