ЕКОНОМИЈА

ССМ бара пратениците да го прифатат амандманот за зголемување на платите

ССМ потсетува дека до сите координатори на пратенички групи во Собранието достави предлог амандман кој значи да се зголеми основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година.

Минатата недела во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманот и официјално од нивна страна беше доставен до Собранието согласно процедурите, а јавна поддршка добивме и од политичката партија Левица, како и од Демократски сојуз, Социјалистичка партија и ДОМ, додека СДСМ калкулира, а ДУИ сѐ уште молчи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button