ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ не ги доби бараните 2.806 денари за сите, сега ќе ја тужи државата

Синдикалците им се заканија на властите дека ќе поднесат колективна тужба против државата до домашните судови и Советот на Европа. Поддршка ќе добијат и од братските синдикати од Европа, соопшти претседателот на ССМ Дарко Димовски. Тужбите ќе бидат поднесени бидејќи не се испочитувани дел од законите и колективните договори во јавниот сектор за повисоки плати согласно зголемената минимална плата.

„Наместо од 1.7. 2022 да добиеме зголемени, линеарни и солидарни плати од 2.806 денари, добивме од 7 до 100 отсто зголемени сметки за струја. Наместо да добиеме линеарно зголемување од 2.806 денари добивме и останати ценовни шокови во продавниците од тоа зголемување на цените на струјата и нафтените деривати. Затоа ССМ се реши на овој чекор за колективна тужба, и во централната и во локалната власт каде не добивме зголемување на платите“, рече Димовски.

Синдикалците велат – државата подобро сега да им ги зголеми платите, отколку кога ќе ги изгуби судските спорови, да го испразни буџетот уште повеќе. Во меѓувреме, продолжува генералниот штрајк во државните институции. Досега според синдикатот во 33 јавни претпријатија се зголемени платите на вработените, во 12 се преговара. На локално ниво, односно во пет општини, вработените добија повисока плата за 2.806 денари, а синдикалците преговараат со плус 14 градоначалници да го сторат истото.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button