ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стабилно и топло време, во сабота дожд и ретки грмежи

Од УХМР најавуваат дека следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник се очекува температурата да биде во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.

До крајот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе се движат до 32 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button