ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Стандард“: Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

Изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји за можно разделување на С. Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, предизвикаа бура од негодување во кругови на ЕУ и меѓу познавачите на приликите во Југоисточна Европа, пишува австрискиот весник „Стандард“, пренесе „Дојче веле“.

Висок службеник на Европската комисија за „Стандард“ вели дека изјавите на Вархеји наишле на чудење во Брисел.

– Не разбираме што му стана, ние секогаш велевме и, и понатаму ќе велиме: Северна Македонија ги исполни сите критериуми, вели претставникот на ЕК.

Дополнува дека му е нејасно зошто воопшто се шпекулира за разделување на европскиот пат на двете земји, кога одлуката ќе ја донесе Советот на ЕУ, а таму не постојат никакви амбиции за раздвојување.

– Напротив: држави како Данска, Холандија, но и Германија- која влегува во изборен период- никогаш нема да одобрат да се започнат преговори само со Албанија. Не подготвуваме никакво раздвојување, а исто така нема потреба ниту од нов извештај на Комисијата, наведува претставникот на ЕК.

Како што пишува „Стандард“, во кругови на ЕУ постои претпоставка дека однесувањето на Вархеји кон Северна Македонија се должи на поддршката која унгарскиот премиер Виктор Орбан и ја дава на македонската национал-конзервативната опозиција.

– Како комесар за проширување тој не смее да си дозволи да се води од лични симпатии“, вели претставникот на ЕУ, алудирајќи на Вархеји.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button