ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Стопанска комора: Построги мерки за помасовна вакцинација

Владата да набави евтини тестови за Ковид 19, и да направи скрининг на вработените во приватниот сектор, побараа од Стопанската комора на Македонија. Мора да се најде начин како да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани. Бизнисменот Антони Пешев вели дека сопственциите на компании се подготвени ако е потребно да платат еднократно за да ги мотивираат невакцираните работници да се имунизираат.

Најновиот сој на вирусот кој е откриен во Африка се шири 15 пати побрзо, па Пешев вели дека државата мора да излезе зо радикалним мерки, со образложение дека ново затворање на економијата ќе предизвика вистинско цунами во приватниот сектор.

„Или државата да го плати тестот и да не биде на товар на компаниите, или да си го платат тие што не сакаат да се вакцинираат, без никаква причина. Нормално, не инсистираме да се вакцинираат тие што имаат некакви проблеми со вакцинирањето. Ама во ситуација кога колевката на демократијата, човековите права и слободи, пропишале таква мерка – мислам на Америка, ние сме поголеми католици од Папата ли – што правиме овде.?“ Ви кажувам, капацитетите на нашите компании не се такви за издржат уште еден лок даун“, рече Антони Пешев, Стопанска Комора.

Мерката за задолжителна вакцинација во јавниот и приватниот сектор која ја предложи Комисијата за заразни болести, Владата не ја усвои, откако дел од граѓаните реагираа на социјалните мрежи па дури и се организираа протести поради како што велеа принудна вакцинација. Синдикатите пак, не се согласуваа трошокот за вакцинирање да биде на товар на работниците. Македонската економија со тешки маки преживеа два карантини каде речиси сѐ беше затворено освен аптеки, пекари и слични индустрии. И добар дел од индустиите и услужните дејности со месеци беа под клуч. Тоа резултираше со огромен број на пропаднати бизниси и илјадници работници оставени на улица. Во моментов стапката на вакцинирани граѓани со две дози е под 40 отсто, што е далеку од потребното ниво на колективна имунизација на населението и продолжување на нормалниот тек на животот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button