ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето на Зеќири почнува на 15 декември, се падна кај истата судијка од случајот со Рашковски

Судскиот процес во кој обвинет е поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири ќе почне на 15 декември годинава.

Предметот се падна кај судечки совет на чело со судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска, која е претседателка на советот и во случајот „Софтвери“ каде што првообвинет е претходникот на Зеќири во Генералниот секретаријат, Драги Рашковски.

Закажувањето на првото рочиште за случајот со Зеќири следува откако на 4 октомври годинава Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение, а пред три дена (1 ноември) Основниот кривичен суд Скопје го прифати.

На ексгенералниот секретар на Владата ќе му суди за повеќекратно извршување на кривичното дело злоупотреба на службената положба.

Обвинението опфаќа два договори што тој ги склучил додека бил на функцијата, а за кои во обвинителството тврди дека се направени спротивно на Законот за јавни набавки и дека со нив е оштетен државниот буџет за вкупно 89 385 255 денари (околу 1 453 418 евра).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button