ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Судењето за „Беса транс“ одложено за 2 февруари, управителот на компанијата имал симптоми на ковид

Поради симптоми на ковид-19 кај управителот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, кој е обвинет за истоимениот случај, денешното судење во Основниот Кривичен суд Скопје беше одложено за 2 февруари.

Адвокатот на Хаџиу, Асмир Алиспахиќ достави потврда за направен тест за коронавирус, но кажа дека до овој момент не се добиени резултатите од тестирањето.

„Ковид-19 е болест од пандемиски размери, па најдобро беше да не доаѓа денеска“, рече Алиспахиќ.

Сопственикот и управител на компанијата „Беса транс“, Беким Хаџиу, и застапникот на правното лице „Беса транс“, Шабан Хоџа, на изминатото рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај за автобусот со кој во ноември лани во несреќа во Бугарија загинаа 45 лица.

Според обвинението, 41-годишниот Беким Хаџиу, како управител на „Беса транс“ од Рашче, преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Со фалсификуваниот извод од лиценцата за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември 20 пати излегол од државата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button