ВЕСТИСВЕТ

Судот ќе ја сослуша жалбата на Навални против притворот

Судот во Русија денеска ќе ја сослуша жалбата на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални против неговиот притвор, еден ден откако руските власти го зголемија притисокот врз опозицијата, претресувајќи станови и канцеларии поврзани со Навални. Соработникот на Навални Леонид Волков рече дека адвокатите биле известени на 26 јануари оти жалбата за апсењето е закажана за 28 јануари.

Тој повика на нови протести низ Русија на 31 јануари. Во претресите што се случија вчера беа вклучени групи маскирани безбедносни сили. Бил претресен и станот на Навални, каде што полицијата го приведе неговиот брат Олег.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button