ВЕСТИМАКЕДОНИЈАСПОРТ

Тачи: Малите инциденти не можат да го засенат големиот успех на репрезентацијата

Спортскиот новинар на ТВ Алсат, Махир Тачи, коментирајќи ги антиалбанските повици на група навивачи, рече дека ова е многу мал инцидент наспроти големиот успех на репрезентацијата. Според него, најголем удар за овие навивачи ќе биде следниот успех на репрезентацијата во случај да се пласира на СП „Катар“. Според Тачи, многу е важно фудбалерите на теренот да бидат сплотени и да не станат жртви на вакви провокации.

„Малите инциденти предизвикани од група поединци не можат да го покријат големиот успех што го постигна оваа репрезентација на Македонија во фудбал. Онаму каде што има хармонија меѓу фудбалерите, не се гледаат како претставници на друга етничка припадност, туку како колеги за кои треба да навиваат на теренот и заедно да постигнуваат победи над репрезентации кои имаат традиција. Верувам дека ќе биде подобра порака ако успеат да се квалификуваат и да им покажат на сите дека тоа е клучот за функционирање во спортот. Ова ќе има влијание во нашето општество, и ќе покаже дека спортот е најдобриот амбасадор на една држава, зошто да не“, рече Тачи. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button