ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари од Сарај: Младите се столбот на оптеството

Таравари од Сарај: Младите се столбот на оптеството

Кандидатот за претседател Арбен Таравари, вчера беше во општина Сарај, каде оствари средба главно со младите од овој дел. Како што рече Таравари, младите се столбот на едно општество и затоа тие ќе имаат важна улога во иднина алудирајќи на формирањето на новата влада во која ќе биде дел со коалицијата ВРЕДИ. Таравари пред младите во сарај потсети дека во Гостивар, сите најзначајни претпријатија на општината се раководени од млади луѓе.

„Второто важно претпријатие е„ Паркови, Зеленило и Паркинзи“ и го води Џелал Луши, тој има 28 години. Спортскиот центар, спортските сали и стадионите ги води еден 30-годишник. Замислете, во општината најмоќен оддел е одделот за урбанизам, со него раководи Сенат, кој исто така има 29 години. На младите им ги доверив сите најзначајни одделенија и дирекции на општина Гостивар, затоа што младите без сомнение вредат и затоа во следната влада ние како коалиција ВРЕДИ, мора да им отстапиме простор на бидејќи, како што реков и претходно, младите се многу покреативни и многу порационални од нас, како што старееме“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button