ВЕСТИСВЕТ

Тешка несреќа на два воени хеликоптерa во САД, се стравува дека има повеќемина загинати

Повеќе лица се претпоставува дека загинале при пад на два хеликоптери на армијата на САД во округот Триг, во американската сојузна држава Кентаки за време на рутинска обука, јавуваат првично светските медиуми.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, рекол дека станува збор за „тешки вести“ кои стигнуваат со раните извештаи за хеликоптерската несреќа во која најверојанто има повеќемина загинати.

Според локалните власти, инцидентот се случил околу 21:35 часот по локално време (01:35 часот по Гринич) и дека во несреќата е можно животите да ги загубиле девет лица.

Локалната војска потврди дека во несреќата учествувале нивните хеликоптери.

Портпаролот на воената база „Форт Кембел“ во изјава за Би-би-си рекол дека два хеликоптери од типот „Белкхок“ се урнале за време на рутинска обука.

„Статусот на членовите на екипажот засега е непознат. Командата во моментов е фокусирана на грижата за војниците и нивните семејства“, велат од базата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button