ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовската болница снема персонал, а градскиот Завод за вработување преполн со невработени медицинари

Додека бројот на медицински персонал во Тетовската болница се намалува како резултат на заразување со КОВИД-19 или одење во изолација, во Заводот за вработување во Тетово, над 600 медицински сестри и 20 лекари чекаат со години да се вработат.

Од тетовската болница велат дека доколку има законски можности ќе бараат нови вработувања.

„Не знам како е правниот дел, но верувам дека тоа го овозможува и тоа ќе биде добра можност.“

Освен зголемувањето на бројот на лекари и медицински персонал кои се регистрирани како невработени во Агенцијата за вработување, зголемен е и вкупниот број на невработени од почетокот на пандемијата.

Како резултат на економската криза предизвикана од пандемијата, многу граѓани останаа без работа поради затворање на компании во тетовскиот регион.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button