ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денот на албанското знаме годинава одбележан скромно поради пандемијата

На јарбол висок 28 метри, во 14 часот исто како во Валона пред 108 години, во селото Камењане во општина Боговиње, денеска беше подигнато албанско знаме за да се одбележи годишнината од Денот на независноста на Албанија. Настанот беше организиран од жителите на селото.

„Жителите на Камењане со организација на локалната заедница, здружението ‘За Камењане’, иселениците и нашите сонародници, денеска го креваме знамето под мотото ‘Знамето се враќа во своето гнездо’, бидејќи тоа беше некогаш негирано гнездо. Во исто време, со ова го пренесуваме аманетот на паднатите за слобода низ вековите.“

Масовна празнична организација, како што се случуваше во текот на другите години во Тетово и Скопје, овој пат немаше, поради пандемијата.

Празнична програма беше емитувана на платно на плоштадот Скендербег во главниот град, организирана од Ансамблот за песна и ора, но бројот на граѓани што присуствуваа беше симболичен.

И во Албанија одбележувањето на Денот на знамето беше одбележано под посебни анти-ковид мерки. Премиерот Еди Рама, но и претседателот Илир Мета, се собраа заедно да го одбележат овој голем ден во Валона. Им честитаа на Косово, но и на Хашим Тачи.

„Сакам да им го честитам на сите Албанци насекаде овој благословен ден на нашето национално знаме, независноста на Албанија и истовремено на овој ден, кој е исто така роденден на легендарниот командант на Ослободителната војска на Косово, посакувам да им го честитам Ден на независноста и Денот на знамето на претседателот Хашим Тачи и неговите другари кои денес не се во нивните домови.“

По церемонијата на подигнување на знамето во Валона, претседателот на Републиката, премиерот и претседателот на Собранието положија венци на споменикот на независноста.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button