ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Топланите бараат поскапување на парното

Компаниите кои се надлежни за затоплување на домовите и деловните простории со парно испратија барање до Регулаторната комисија за енергетика нивната услуга да поскапи од први август годинава. Најголемо поскапување според информациите на надлежните побарале од ЕСМ Енергетика попознато  како Железарско парно и тоа 65 отсто. Пресметките пак на Топлана Скопје Север се дека им е потребен раст на цената од 15 отсто, а од Балкан Енерџи Груп побараа сметките на нивните корисници да бидат зголемени за речиси два отсто. Од регулаторна денеска решија да не даваат изјави, а конечната одлука ќе биде објавена на 29 овој месец.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button