ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагедија во Тетово, Селмани: Оставката е морален чин, но недоволно – виновникот мора да се најде!

Поминаа цели 20 дена од трагедијата во Тетово, додека истражните органи сѐ уште не излегоа со извештај за пронаоѓање на „виновникот“ и причините за овој настан.

Во врска со ова, во изјава за Алсат, поранешниот министер за здравство, Имер Селмани, рече дека во овој случај обвинителството и другите надлежни органи треба да го имаат последниот збор.

„Оставките се само морален чин, а истрагата и обвинителските органи и сите други сегменти што треба да го решат случајот, мора да ја завршат својата работа до крај. Секако, тука треба да се очекува последниот одлучувачки збор на обвинителството, не треба да се забрза и да се суди и однапред да се казнат сите оние што поднеле оставка“, рече тој.

Селмани, додаде дека ова што се случи е многу голема катастрофа, но оти слични се случувале и во многу други земји.

„Но, тука, покрај моралните акти на оставка, дефинитивно мора да се најде виновникот. Нормално,  пронаоѓање на виновникот тогаш има последици и казни што се предвидени со други закони“, изјави за www.alsat.mk, Имер Селмани.

Потсетуваме дека во истрагата за трагедијата во Тетово што се случи на 8 септември, беа вклучени и германски експерти, додека во оваа трагедија загинаа 14 лица, а 12 беа повредени./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button