ВЕСТИСВЕТ

Трамп го отпушти директорот на Агенцијата за интернет безбедност

Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, го разреши Крис Крибс, шефот на Агенцијата за интернет безбедност при федералното Министерство за домашна безбедност. Како што се тврди, причина за таквиот потег, како што тврди Трамп, се неточни најави за регуларноста на изборниот процес.

Во објава на својот профил на Твитер, Трамп го обвини Крибс за „многу погрешно“ уверување на граѓаните дека изборите се безбедни, иако имало „огромни нерегуларности и измами“, вклучително и гласање на „починати“, попречување на набљудувачите во следење на изборниот процес и софтверските  грешки, како резутат на кои, според Трамп, голем број гласови завршиле на контото на Бајден.

Кребс е последниот функционер кој е заменет од американскиот претседател, а пред него го отпушти министерот за одбрана, Марк Еспер, по извештајот дека се сомнева во лојалноста на шефот на Пентагон.

Се очекува поранешниот извршен директор на оваа агенција, Брендон Велс, да ја преземе функцијата на Крибс уште денеска, дознава Ројтерс од информиран извор кој побарал да биде анонимен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button