ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трета вакцина може да се прими без разлика на типот на првата вакцинација, вели Филипче

Сите наши граѓани, без разлика со која вакцина се првично вакцинирани, може да се вакцинираат со трета доза вакцина, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој согласно досегашните сознанија третата доза треба да биде од производителот „Фајзер“, а се прима најмалку шест месеци по приемот на втората доза. Препорака е неа да ја примат сите здравствени работници, лица со имуни компромитирачки состојби и повозрасните од 60 години.

„Ние даваме препорака врз основа на искуства од други земји и меѓународни институции кои се тие категории коишто треба да се вакцинираат. Во некои земји се над 50 години, негде над 55, САД над 65. Имајќи ги сите овие работи предвид, ја даваме оваа препорака“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button