ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Три лица повредени во сообраќајката на патот Штип- Кочани

Во тешката сообраќајна несреќа, која доцна синоќа се случи на патот Штип-Кочани повредени се три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во несреќата, која се  случи кај Чифличка крстосница во 20:45 часот, повредени се  тројцата возачи, кои учествувале во несреќата.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајот на оваа делница синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеше увидот. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на патот Штип- Кочани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button