МАКЕДОНИЈА

Тројца турски државјани на аеродромот во Скопје прикажале лажен негативен тест на Ковид-19

Тројца државјани на Република Турција денеска заработија обвинителен предлог за кривично дело фалсификувана потврда за негативен тест за Ковид-19.

Од Јавното обвинителство информираат дека ОЈО Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителни предлози против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа.

-На 1 март, при процедурите за проверка на пасошот на Меѓународниот аеродром Скопје, тројцата обвинети прикажале лажни потврди за негативен тест за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале, обвинетите се обиделе да ја напуштат државава со потврди за кои знаеле дека не се издадени од наведените лаборатории, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button