ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска кажа каква е моментално состојбата со Ковид во училиштата

Состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и тие остануваат отворени за настава со физичко присуство на учениците, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Процентот на новозаразени според дневните статистики, рече, се движи од 0,01 до 0,03, а вкупниот број  активни случаи во училиштата не надминува 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици коишто следат настава со физичко присуство.

Посочи дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од најголем интерес за учениците.

-Се следи ситуацијата и таа е стаблна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министертството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија. Но, апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште, изјави Царовска

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button