СПОРТФУДБАЛ

Цените на влезниците вртоглаво растат за последниот домашен меч на Јирген Клоп

Јирген Клоп дефинитивно заминува од Ливерпул по истекот на тековната сезона. „Црвените“ се во добра позиција и се борат за шампионската титула, а медиумите во Англија објавија дека во градот владее вистинско лудило за последниот домашен меч на своите миленици.

Навивачите сакаат да присуствуваат на последниот натпревар на Клоп, а цените на влезниците вртоглаво растат и најчестите коментари се дека „фановите треба да ја продадат куќата за да можат да си осигураат присуство на трибините“.

Ливерпул на 19 мај ќе го пречека Вулверхемптон, а цените на билетите кај препродавачите достигнуваат и неверојатни 10.000 фунти!

Загарантирано место имаат само сопствениците на сезонски и ВИП билети, а во моментов најевтините билети во слободна продажба чинат 1.347 фунти.

Овие цени се објавени заклучно со седми април, но истите можат драстично да пораснат до неколку дена пред почетокот на мечот со „волците“. Ливерпул води мртва трка со Арсенал и Манчестер Сити, а битката за титулата е една од најинтересните во последниве неколку години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button