ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Цените останаа високи иако фирмите добија поевтина струја

Поминаа речиси два месеца откако прехранбениот сектор почна да користи субвенционирана струја од страна на државата, но граѓаните и натаму не забележуваат намалување на цените на храната во маркетите. Освен неколку производи кои се меѓу основните, сè друго или се продава по иста цена како и пред декември или пак има дополнително поскапување, спротивно на обврската е да има намалување најмалку до 10 отсто. Активистот за социјална правда Здравко Савески за Алсат вели дека Владата треба да им даде рок на компаниите од седум дена да ги намалат цените, а доколку и натаму нема промена, да им се наплатат пенали.

„Државата е должна не само да ја прекине субвенцијата, туку да бара од компаниите враќање на субвенциите бидејќи очигледно како и при секој договор, ако втората страна не го почитува договорот, првата страна може да бара повраток на средствата кој ги дала“, рече Савески.

За изјавите на дел од економските министри во владата и на самиот премиер дека мерката за поевтина струја за производителите на храна дала резултат и има намалување, Савески вели да кажат каде точно пазарат и што конкретно е намалено. Од Министерството за економија сепак остануваат на ставот дека цените се намалуваат и следува период на стабилизација.

„Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата? На тоа не може да влијаеме“, наведуваат од Министерството за економија.

Но, граѓаните кои ги анкетираше Алсат велат дека мака-мачат да го поминат месецот.

„Ништо нема поевтинето, не сум приметила, сабајле бев нема, цело време исти цените…“
„Нема ни поевтино, нема ни стандард, нема ништо. Уништено е сè“, рекоа граѓаните.

На светските берзи има континуиран пад на цените на енергенсите и на пченицата, што значи дека и без субвенциите за струја, компаниите имаат простор да ги намалат цените на крајните производи. Но, дека прехранбените производи во земјава се продаваат по стара – висока цена потврда даде и Државниот завод за статистика. Објави дека во декември во однос на ноември лани инфлацијата е намалена за само незначителни 0,2 отсто.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button